Повелба „Горан Лазаревски“ за заслуги во одржливиот развој 2026

Повелбата „Горан Лазаревски“ за заслуги во одржливиот развој беше доделена на извршната директорка на Фармахем, г-ѓа Марјонка Велјановска, како признание за нејзиниот исклучителен професионален придонес во унапредувањето на одржливите и општествено одговорни практики во Македонија.

Првата награда за Општествена одговорност за Фармахем во 2008 година ни беше врачена токму од почитуваниот г-н Горан Лазаревски како прв претседател на УО на Конект, врвен професионалец кој го поддржуваше бизнисот и граѓанското општество. За нас ова претставува голема чест и признание во негово сеќавање.


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk