Клубот на одговорни бизниси на Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд на Р.С. Македонија, со поддршка на Фондот за население на ОН (UNFPA) и Австриската агенција за развој (АДА), ги додели наградите „Предводници на одржливиот развој“ на 8 јуни 2026 година во Клубот на пратеници, во присуство на над 100 претставници од бизнис секторот, институциите и граѓанските организации.
Во рамки на Бизнис форумот за одржливост, наградата за родово-одговорни семејни политики за мали и средни претпријатија беше доделена на Фармахем.
Ова значајно признание претставува потврда за нашата континуирана посветеност кон создавање инклузивна, правична и поддржувачка работна средина. Низ практики како флексибилни работни аранжмани, еднакви можности за развој и напредување, правична плата, грижа за благосостојбата на вработените и бројни други иницијативи коишто ги надминуваат законските стандарди, активно придонесуваме кон подобар квалитет на живот и одржлив развој.
Заедно продолжуваме да го градиме патот кон поодржливо, поправедно и поодговорно општество за сегашните и идните генерации.