LabUReaderPlus 2 е полуавтоматски хемиски уриноанализатор, дизајниран да ги отчитува и евалуира LabStrip U11 Plus тест траките за урина. Работи по принципот на фотометриско одредување на составот на урина. Освен евалуација на реакциите на траката, понудена е опција за мануелно внесување на бојата и бистрината во печатениот резултат. На подлогата на која се поставуваат траките има сензор кој со самото препознавање на траката, автоматски започнува со одбројување на времето на инкубација, а подоцна и евалуација на реакциите на траката. Работи со брзина од 150 анализи на час.