UriSed mini претставува полуавтоматски уриноанализатор за одредување седимент во урина. Со примена на патентирана UriSed технологија овозможена е автоматизација на мануелното микроскопирање. Дизајниран е алгоритам за детекција и дистинкција на 15 различни параметри во урината, со тоа што се достапни и дополнителни подкласи. Работи со брзина од 60 анализи на час и примерок од 0.175 µL. За секоја анализа прави вкупно 15 слики што се аналогни на 400x зголемување при мануелно микроскопирање.