Вакуум системи за земање на крв

Вакуум системи за земање на крв

Vacutest Kima е италијанска компанија која е специјализирана за производство на вакуум системи за собирање биолошки течности, сертифицирана согласно со стандардите ISO 9001:2012 и ISO 13485:2012. Производството се одвива според најсовремени методи и под постојана контрола на влезниот материјал, производниот процес и квалитетот на готовиот производ. Сите производи имаат CE ознака.

Палета на производи:

  • стерилни епрувети со вакуум изработени од PET, отпорни на надворешни влијанија и затворени со заштитно капаче. Достапни се во различни величини: 13×75 mm,13×100 mm, 16×100 mm, различен волумен и различни адитиви и бои на капачињата;
  • држачи за игли кои се употребуваат како заштита при боцкање;
  • стерилни игли со различни димензии за земање на крв, и тоа иглите се достапни во стандардно пакување (само игла) или прикачени за заштитен држач;
  • стерилни адаптери и сетови за колекција;
  • стерилни епрувети за земање на крв кај новороденчиња или педијатриски пациенти (со или без капиларка);
  • безбеден систем за собирање на урина (контејнери и цевчиња и садови со жлеб за вакуум епрувети);
  • вакуум епрувети и игли за ветеринарна употреба.

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk