Автоматскиот имунолошки анализатор ALINITY i ја користи проверената CHEMIFLEX хемилуминисцентна мерна технологија како и тестови кои немаат интерференција од биотин со цел да обезбеди поголема доверба во резултатите. Со 150 позиции за примероци и до 47 позиции за реагенси, ALINITY i има капацитет за изработка до 200 анализи на час.
Автоматскиот имунолошки анализатор ARCHITECT i1000SR ги исполнува високите лабораториски стандарди и го зголемува протокот на анализи во секоја лабораторија, благодарение на флексибилните протоколи вградени во анализаторот и можноста за добивање на STAT резултати. Со 65 позиции за примероци и 25 позиции за реагенси во ладилник, ARCHITECT i1000SR има капацитет за изработка на 100 анализи на час.
Имунолошкиот анализатор Tosoh AIA-360 е мал, компактен и едноставен за ракување со капацитет од 36 имунолошки тестови за еден час. Во делот на пипетирање на примероците е екипиран со детектор на коагулум којшто овозможува анализите да се изведуваат со дирекно поставување во анализаторот на епруветите во кои е земен примерокот. Анализаторот има вграден бар-код читач којшто овозможува максимално сигурна идентификација на примероците (идентификацијата може да се изведува и со рачно внесување на податоците). Анализаторот има можност за зачувување на 800 резултати. Може да се поврзe во LIS (Лабораториски информациски систем). Првиот резултат се добива за само 20 минути од стартувањето на анализаторот. Тестовите се индивидуално спакувани и при изведување на анализите се користат онолку чашки (тестови) колку ќе се зададат. Калибрацијата е стабилна 90 дена и истата е специфична за серија реагенси.
Испитувани параметри: