04.10.2026 Фармахем трча заедно на Скопски Маратон – 55 учесници, една енергија, еден тим!

На 4 октомври 2026, улиците на Скопје повторно пулсираа во знакот на позитивната енергија, спортскиот дух и заедничките насмевки!

И оваа година, 55 учесници – колегите од Фармахем, Дијагностика Фармахем и Фармахем Сервис, заедно со нивните семејства – масовно истрчаа во сите категории, од 7 до 63 години. Покажавме дека за нашиот тим, учеството на маратонот е многу повеќе од трка – тоа е симбол на заедништво, истрајност, издржливост и посветеност кон здравиот начин на живот.

Честитки заслужува секој којшто го даде својот максимум, но со посебна гордост сакаме да ги истакнеме нашите колеги кои ги совладаа најголемите дистанци:

  • маратонците: Љубомир Симеоновски и Маријан Лакс, за нивниот челичен дух и истрајност на 42 километри,
  • полумаратонците: новите колеги Викторија Димитриевска, Димитар Илиевски, Ангел Ртоски и Исмаил Нурчески, но и искусните полумаратонци Борче Коларски и Зоран Настов, за одличниот ритам, енергијата и совладаните 21 километар.

Сите колеги коишто ги истрчаа полумаратонот и маратонот, како и најдобро пласираните во машка и женска конкуренција во трката на 5 km, меѓу другото добиja и вредносни ваучери за контрола на здравјето од лабораториите на Дијагностика Фармахем.

Инспирирани од сите истрчани километри и силниот тимски дух, продолжуваме да трчаме со срце, да совладуваме нови предизвици и да ја живееме оваа енергија секој ден! 

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk