30.09.2026 Фармахем придонесе за опремување на новата лабораторија при Технолошко-металуршкиот факултет со современа XRF технологија

Со особено задоволство го поздравуваме официјалното отворање на новата Лабораторија за хемиски анализи при Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ).

Како добавувач и инсталатер на XRF системот на Malvern Panalytical, Фармахем е горда што придонесе кон реализацијата на проект кој директно ги поддржува научноистражувачката работа, практичната настава и развојот на индустријата.

Инструментот овозможува брза, сигурна и недеструктивна елементна анализа на широк спектар материјали, обезбедувајќи им на студентите и истражувачите пристап до современа аналитичка технологија што се користи ширум светот.

Им честитаме на Технолошко-металуршкиот факултет (TMF), Макстил и Хелветас Северна Македонија за оваа значајна иницијатива и за нивната посветеност на вложувањето во образованието и развојот на новата генерација стручни кадри.

Веруваме дека оваа лабораторија ќе придонесе за унапредување на научните истражувања, развојот на знаењата и создавањето нови можности за поврзување на образованието со индустријата.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk