23.09.2026 Фармахем на Соларна конференција 2026: Иновации за посигурна енергетска иднина

Со задоволство го заокружуваме нашето учество на Соларна конференција 2026, уште еден значаен настан кој ги обедини професионалците, компаниите и експертите од областа на соларната енергија и современите енергетски решенија.

Фармахем ДООЕЛ и Фармахем Сервис со задоволство повторно беа дел од оваа конференција, каде што имаа можност да ги претстават своите решенија, технологии и експертиза, како и да остварат интересни и корисни средби со посетителите и учесниците.

Како дистрибутери на INDELEC, на нашиот штанд беше изложен демо громобран, преку кој посетителите можеа поблиску да се запознаат со решенијата за заштита од атмосферски празнења – важен аспект за безбедноста на соларните панели, фотоволтаичните системи и различни видови објекти.
Дополнително, преку промотивните материјали на Testo, посетителите имаа можност да дознаат повеќе за современите мерни инструменти и решенија, вклучувајќи термовизиски камери, мултиметри и други инструменти за професионално мерење, дијагностика и контрола.
Фармахем Сервис го претстави и својот инструмент за калибрација, овозможувајќи им на посетителите директно да видат како изгледа процесот на калибрација и колку е важна точноста и сигурноста на мерните инструменти во професионалната работа.

Горди сме што и оваа година бевме дел од настан кој создава простор за размена на знаења, нови идеи и професионално поврзување, а особено ни е драго што имавме можност да ги доближиме нашите решенија и технологии до сите заинтересирани посетители.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk