Енергетска ефикасност на згради и индустриски објекти

Со намалување на потрошувачката на енергија во кој било објект, се врши директно влијание врз загадувањето на животната средина и заштедата на енергенси. Енергетската ефикасност станува основен елемент при градбата на новите објекти, додека за веќе постоечките, таа може да се подобри со минимална реконструкција и доработка. Модниот тренд или пак законските регулативи не се единствени причини за интервенции за подобрување на енергетската ефикасност, туку природните човечки потреби за комфорни услови за живеење и работење.

Фармахем, како компанија која ги следи трендовите за подобрување на енергетската ефикасност, поседува лиценца за вршење на енергетска контрола на објекти издадена од Министерство за eкономија на Република Македонија. Нашиот тим е составен од електротехнички и машински инженери кои се овластени енергетски контролори, што поседуваат знаење, искуство и прецизни мерни инструменти за мерење на енергетската ефикасност. Можеме да издадеме сертификат за енергетска ефикасност и во кратки временски рокови, на високо професионален начин.

Продукти што ги нудиме се oпшта и детална енергетска контрола пропишана во законот за енергетика, термовизиска анализа на објекти, како и мерење на ефикасност на системи за греење и ладење. Со изработка на сертификатот, даваме и мерки за подобрување на енергетската ефикасност, како и временски рокови за враќање на вложената инвестиција.

Енергетската ефикасност не е само мерка туку претставува значаен ресурс кој ни овозможува заштеда на енергија.

Лице за контакт:

Борче Коларски - стручен соработник

Тел.: +(389 2) 20 31 193, е-пошта: borce.kolarski@farmahem.mk


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk