Во периодот од 12 до 15 октомври во Охрид, претставници на Фармахем од Секторот за еколошки консалтинг присуствуваа на IV Конгрес на еколози на Македонија со меѓународно учество како и на одбележувањето на 40 години од формирањето на Македонското еколошко друштво.
На овој Kонгрес беа презентирани современите научни сознанија и достигнувања на модерната екологија и науката за животната средина како од Македонија така и од другите земји во регионот.
Во рамките на Kонгресот, Фармахем доби благодарница за својата долгогодишна несебична поддршка и придонес кон работата на Македонското еколошко друштво, како и за меѓусебната успешна соработка.
Исто така, на овој конгрес, Фармахем учествуваше и со презентација на научниот труд: „Ниво на бучава во урбана средина предизвикана од угостителски објекти за забава“.